text.skipToContent text.skipToNavigation

ДИСТРИБУЦИЈА

Лидер во дистрибуција

Главната дејност на Паком Компани е дистрибуција. Паком Компани е водечки дистрибутер во С.Македонија, Косово и Албанија. Со дистрибуција на компјутерска опрема, софтвер и потрошувачка електроника, Паком го проширува своето портфолио во согласност со новите технологии и потребите на пазарот.


ЛОГИСТИКА

СИСТЕМ ОД ДОВЕРБА

Паком Компани во континуитет се стреми да обезбеди брза, навремена и високо квалитетна испорака на производите кои ги дистрибуира за своите Партнери. Дистрибутивниот центар е организиран и опремен со најнова технологија за следење и оптимизирање на секој логистички и складиштен процес, поддржан со сопствена WMS Asparagus апликација, што овозможува во секој момент информација за точна локација и движење на секој поединечен производ, како и информации кои производи кога и за кој партнер треба да се подготват за испорака локално и регионално.

Паком Компани во рамки на своите локални и регионални продажни процеси има сопствен тип C царински магацин за поголема ефикасност во своето логистичко работење.


СЕРВИС

КВАЛИТЕТ И БРЗИНА СЕ НАШИТЕ ЦЕЛИ

Нашиот главен сервис е лоциран на улица Јадранска Магистрала број 12 во Скопје како посебен сектор во рамки на Паком Компани. Сервисот на Паком Компани е опремен со опрема и алат согласно најновите трендови во технологијата и потребен прибор за ефикасно сервисирање и обезбедување на брза и квалитетна сервисна услуга.

Целата опрема е само дел од севкупното работење на нашиот Сервис. Клучната неизбежна компонента е доприносот и посветеноста на високо обучен и професионален кадар и тим на сервисери кои постојано вложуваат во лична професионална надградба согласно трендовите и новите технологии. Нашите сервисери се подготвени во секое време да одговорат на сите сервисни потреби за нашите партнери во гарантен или постгарантен сервисен период за сите производители за кои Паком Компани е официјален Сервисен Партнер.